Хумани луѓе денес на барање на многу наши Македонци мои лични пријатели се упатив во посета на фамилија од село Тркање Кочанско и да бидам искрен здраствената состојба на овие луѓе ме трогна многу и ќе дадам се од себе да помогнам затоа што овие луѓе дефинитивно заслужуваат помош .
Димче Малчев кој е роден 1972 година боледува од дијагноза Hemiparesis lat dex , Димче по добиен мозочен удар останува непокретен и веќе 16 месеци е врзан за кревет неговите малолетни деца се грижат за него и неговата сопруга Мирјана Малчева која за жал исто така се бори со тешка болест Тумор и со тешки маки како лавица се бори и грижи и за непокретниот сопругот кој е врзан за кревет и за дечињата кој пак ке кажам се малолетни и целиот товар паѓа на нивни плеќи .
Надеж за Димче во овој момент е лекувањето во поликлиниката NEUROMEDIC GRUPA + лекување кое кошта 11315 евра сума која фамилијата Малчеви не можат сами да ја обезбедат и тука Македонци мои сме сите потребни .
Во меѓувреме отворен е број за донации на Телеком 143 – 183 а во очекување е и број од А1 идната недела за донации по банкарски пат со дозвола на фамилијата ќе ја ставам сметката на мајката Мирјана која е во Стопанска Банка (1202980497513) и телефонскиот број од жената за секој што сака да им помогне лично да има можност да ги контактира луѓето 078 767 307 ( Мирјана )
Ве молам споделувајте и донирајте.
Подај рака спаси живот.
Александар Горгиевски