Стружани продолжуваат

Стружани продолжуваат со хуманитарни настани за помош на 23-годишниот Бојан Крстески од Струга.

Во недела, на 23-ти април 2023 година ќе се одржи хуманитарно возење и дружење за Бојан. Од Здружението „МТБ Караула“ ги повикуваат сите стружани пред „Барабар“ терасата со почеток во 10:00 часот, каде ќе се одржи дружење, кафе муабет, а потоа и симболично возење со велосипед до Охрид.

– Сето тоа е со хумана цел, сите учесници во овој настан да донираат за нашиот млад сограѓанин Бојан Крстески, кој е на лекување во Италија и му е потребна нашата помош. Кој сака, може, и е слободен да не дружи, Нас и останатите здруженија, со добротворна парична донација да ја покаже својата хуманост за Нашиот Бојан да ја добие најважната битка. Ве повикуваме што помасовно да дадеме свој придонес, порачуваат од „МТБ Караула“ од Струга.

Трошоците за лечење на Бојан се големи, па затоа сите хумани граѓани кои се во можност може да донираат средства на следната сметка:

Број на сметка: 210-5017597733-70

Назив на трансакциска сметка: Трансакциска сметка – РЕЗИДЕНТИ

Сопственик: Крстески Бојан