На Леонид му е потребно итно лекување со рехабилитација во специјализирана здравствена установа.

Важно и итно: Младиот Леонид Индов (18) летово доживеа сериозна несреќа за време на летување во Грција, по што му беше направена комплицирана операција на ‘рбетниот столб.

За жал во Македонија нема соодветна установа и методи за лекување, а секое дополнително чекање ќе го направи опоравувањето многу потешко. Клиники од Австрија и Швајцарија веќе го разгледаа неговиот случај и даваат солидни шанси за опоравување.

Со вашата поддршка ќе му го дадете најубавиот Новогодишен подарок на Лео и ќе помогнете да продолжи да биде инспирација за следните генерации. Секој мал придонес ќе помогне во остварувањето на неговиот сон за нормален живот.

Ве молиме донирајте преку:

1. Јавување на телефонските броеви Т-мобиле: 143-118 / А1: 143-500 (100 денари од јавување)

2. За уплата од Македонија: 210-7000006805-91 НЛБ Банка

3. За уплата од странство: IBAN: MK07210501567799991, SWIFT: TUTNMK22, NLB BANKA AD SKOPJE

4. Уплата од странство со картичка преку GoFundMe: https://bit.ly/Donate4Leo

5. Поставување кутија за донации на влезот во вашата компанија (може да ви донесеме брендирана кутија, пишете ми)

Лео е исклучително момче, кое зрачи со посебна енергија, добрина и кроткост. Тој е и голем другар и талентиран млад програмер, кој оваа година требаше да оди во 4та година во Математичката Гиманзија, но на него и неговото семејство им претстои голема борба.

Сега е моментот да покажеме колективна добрина, човечност, како и корпоративна одговорност, за што побрзо да ја вратиме намевката на неговото лице.