Тони Крстевски живее во охридско Велгошти и има 40 години. И двата родители му биле лица со посебни потреби, но, и покрај се’, доколку многу мал не ја изгубел мајката, можеби неговиот живот ќе имал друг тек.
– Куќата на нешто личеше додека беше жива мајка ми. Многу бев мал кога таа умре. Сиромашен беше татко ми и често бев гладен. Да не беа баба и дедо досега не ќе бев жив. За жал и тие ме напуштија па, се’ што направив во животот е завршено основно образование и вработување од кое има стаж од 20 години, вели Тони и додава дека поради несредени домашни односи бил принуден да живее под кирија и минималната плата од 9.000 денари да ја дава за сметки и сместување.
Денес, не е во сотојба да плаќа повеќе, па затоа седи во полураспадната куќа, која поради долг нема струја долги години.
Се топли повремено кај соседите, кај нив и се храни. Облека зема од социјалните служби и хуманите луѓе. Па, затоа за да почувствува топлина и да биде еднаш во животот среќен бара било каков покрив над главата и основни улови за живот.
– Немам ни струја ни шпорет, бев да се стоплам кај комшии, така го поминува денот бидејки немам ништо дома и си заминав. Татко ми и братми ме малт ретира. Се иселив и под кирија заминав, вели Тони за емисијата „Срце на дланка“.
Ова момче има многу преживеано во животот.
– Барам храна, ако некој ми даде добро, ако не ќе се свиткам и ќе си ќутам. Земам 9.000-10.000 денари плата. Желба ми е да најдам некоја куќа, да ми излезе некоја прилика. Сакам да бидам среќен, да се оженам. Но дури станбеното прашање не се реши, не се нафаќа никој, вели Тони.
Доколку сакате и можете да му помогнете на Тони, тоа може да го направите на телефонскиот број 070/299-704 или пак на сметката: 250019000010911. (Крај)
извор: Срце на дланка фото: Срце на дланка